Кривични за давајца кумановци кои се движеле кога имало полициски час

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци добија кривична пријава под сомнение дека се движеле без дозвола во мај минатата година кога имало полициски час.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривични пријави против М.И.(51) и В.Џ.(26), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 03.05.2021 во Куманово за време за забрана за движење, пријавените биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола за движење.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Каква е излезноста во Липково до 18:30 часот?