Кривични пријави против четворица кумановци за напад на Авганистанец

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, СВР Куманово поднесе кривични пријави против неколку кумановци под сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Loading...

На 25.08.2015 година откако по претходен договор Г.П и И.В. на железничкиот ГП „Табановце“ го пронашле оштетениот А.С.(31), државјанин на Авганистан и му понудиле за сума од 50 евра да го превезат во Р.Србија, сите заедно влегле во ПМВ и се упатиле кон с.Шупли Камен.

Во еден момент двете лица почнале на оштетениот да му кажуваат „проблем, легни“  по што истиот ги забележал лицата М.Л и М.М како со мотор се доближуваат до возилото од кои едното со маска на лице и со пиштол во рака.

Откако го извлекле од возилото, тројца од нив почнале да го удираат и да му бараат пари при што му одзеле 1200 евра во различни апоени, два мобилни телефони и ранец во кој имал вреќа за спиење и лична гардероба, а исто така му нанеле и телесни провреди во пределот на главата и телото, додека А.С. бил оштетен за сума од околу 100.000 денари.

СВР Куманово поднесе кривични пријави до ОЈО Куманово против Г.П. (48), И.В. (42), М.Л. (21) и М.М. (18) сите од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

И.В и М.М. се спроведени до ОЈО Куманово за што од страна на Судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека Г.П. и М.Л. се во бегство и се трага по лицата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.