Кривична за поранешна директорка на училиште од Куманово, ги присвоила службените телефони

Сподели со своите пријатели

Поранешна директорка на средно училиште од Куманово доби кривична пријава под сомнение дека извршила „проневера во служба“

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.Т.(57) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавената, како што додаваат од полицијат,а во текот на 2024 година во својство на директор на средно училиште во Куманово, присвоила два мобилни телефони сопственост на училиштето, кои и биле доверени за користење, односно по завршување на нејзиниот мандат не ги вратила, со што се стекнала со противправна имотна корист од околу 130.000 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ќе продолжиме да работиме на решавање на децениските инфраструктурни проблеми

Никола Ивановски