Агенцијата за заштита на лични податоци (АЗЛП) денеска поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство врз основа на член 149 од Кривичниот законик за злоупотреба на лични податоци, заради неовластено објавување на списоци со наслов Корона вирус -КОВИД 19 за граѓани на РСМ на кои се објавени имиња, датум на раѓање и адреса на живеење.
Loading...
Како што потврдија од АЗЛП за МИА, станува збор за список кој бил проширен на социјалните мрежи и за лица кои најверојатно се од подрачјето на Куманово.
Претходно на социјалните мрежи кружеше список и со имиња од сите кумановци кои се во изолација, но истиот бргу беше отстранет.