Кривична за кумановец во чиј дом полицијата пронашла марихуана

Сподели со своите пријатели

Четириесет и петгодишник од Куманово заработи кривична пријава, откако пред половина година во неговиот дом полицијата пронашла марихуана.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.К.(45), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, на 10.04.2020 во Куманово, на ул.„15 Мај“, во домот на пријавениот, при претрес од полициски службеници била пронајдена и одземена марихуана и растенија канабис.

Никола Ивановски

Leave a Reply