Кривична за кумановец поради непочитување на здравствените прописи

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец заработи кривична пријава, бидејќи во јануари во неговиот угостителски објект биле затекнати девет лица по завршување на работното време.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Р.(30) од Куманово, сопственик на угостителски објект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 13.01.2021 во 19.05 часот во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово, при извршена контрола на угостителски објект било констатирано дека објектот работи по пропишаното работно време и во него биле затекнати Ф.Р и девет лица гости, спротивно на мерката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 18.00 часот.

Никола Ивановски

Leave a Reply