Кривична за кумановец кој не седел во изолација

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишен кумановец ќе одговара поради прекршување на здравствените протоколи за време на пандемија, откако полицијата не го пронашла во неговиот дом, каде требало да биде во изолација.

Loading...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.Р.(31) од Куманово, поради постоење основи  на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 17.04.2020, пријавениот бил затекнат надвор од својот дом, со што постапил спротивно на здравствените прописи и мерка за забрана на движење, која е воведена со цел за спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Никола Ивановски

Leave a Reply