Кривична за кумановец кај кого полицијата пронашла кокаин и хероин

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен кумановец денеска заработи кривична пријава, откако полицијата кај него пред неполни два месеци пронашла дрога.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.С. (37) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, на 22.08.2020 околу 00,30 часот, на градски базен во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово при извршен преглед кај М.С. биле пронајдени и одземени кокаин и хероин.

Никола Ивановски

Leave a Reply