Кумановската полиција денеска поднесе кривична пријава против претседателот на Здружението на пензионери од Куманово.
Тој се сомничи за злоупотреба на службена положба и овластување.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(69) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик, информираат од полицијата.
Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот, како претседател на Здружение на пензионери Куманово, на 20.12.2021 донел одлука за усогласување на висината на надоместок на функционерите на здружението, со што постапил спротивно на Статутот на здружението и Одлуката на Собранието на здружението од 19.02.2016.
– На тој начин за себе, секретарот и потпретседателот на здружението во 2022 година исплатил сума во вкупен износ од 60.000 денари и за таа сума го оштетил буџетот на Здружение на пензионери Куманово, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Никола Ивановски