СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Т. (50) од село Буковљане, општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 03.05.2018 година пријавениот како вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Шумска полициска станица – Куманово, по извршени увид на 14 кубни метри огревно дрво со недоволен број на вметнат жиг, кои ги превезувал Б.Б. од село Брест, општина Чучер Сандево, и покрај тоа што во испратницата за наведената количина на дрвна маса било наведено дека била купена од правно лице од село Гошинце, поднел пријава за прекршок по Законот за шуми, само на Б.Б., додека според наведениот закон, пријавениот бил должен да поднесе прекршочна пријава и на правно лице и одговорно лице во правно лице кое ја издало испратницата.