СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување”, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот како командир на Шумската полициска станица-Куманово, барањето за поведување на прекршочна постапка по член 104 и 106 од Законот за шуми, за прекршок констатиран на 16.05.2015, не го поднел до надлежниот суд, односно го одложил во архивата на Шумската полициска станица – Куманово, со што го оштетил буџетот на Република Македонија за сума од 4.000 евра.