Кривична пријава за „Фудбалски клуб Куманово 1903“

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, против Здружение на граѓани „Фудбалски клуб Куманово 1903“ – Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“ и против С.П.(61) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „несовесно работење во служба“.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи Д.К., претседател во правното лице Здружение на граѓани „Фудбалски клуб Куманово 1903“ – Куманово, во периодот од 01.01.2013 до крајот на 2017 година, по доделување на паркинг простор на локалитет „Чоробенско ќоше“, во центарот на Куманово, од страна на АД за Изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, остварените приходи од наплата на паркинг услуги не ги користел за остварување на целите за кои е основано ова здружение и во наведениот период не регистрирал фудбалери, не учествувал во систем на натпревари во државата, не донесувал долгорочни, годишни и месечни програми за реализација на своите дејности утврдени согласно закон, со што постапил спротивно на Статутот на здружението на граѓани „Фудбалски клуб Куманово 1903“ – Куманово.

Во посочениот период, според МВР, остварил вкупен приход од дневен пазар од наплатени паркинг услуги во износ од 9.572.200 денари, од кои еден дел биле распределени за закупнина, трошоци за струја и плати на вработени, додека останатитот приход од 3.862.221 денари, како непризнаени расходи, го покривал со изготвување на фалсификувани налози за службени патувања, сметкопотврди и фактури за набавена спортска опрема и за репрезентација.

Ваквите документи ги доставувал на С.П., која како овластено лице во фирма за сметководствени услуги ги прифатила ваквите невистинити документи, ги прокнижувала и сочинувала лажни финансиски извештаи, кои ги прикажувала преку годишни завршни сметки, со што овозможила на првопријавениот и второпријавеното правно лице да избегнат плаќање на данок на добивка по основ на остварени приходи во вкупен износ од 858.227 денари, со што го оштетиле Буџетот на РСМ, како и да се стекнат со противправна имотна корист од 3.862.221 денари.

Leave a Reply