Кривична пријава за двајца кумановци поради насилство

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т. (49) и Д.Т. (25) двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Имено на 08.07.2016 година, околу 14,00 часот оштетените Т.Д. (35), Л.Д. (39) и Б.Д.(43) сите од селото Младо Нагоричане дошле пред домот на пријавените по што настанала вербална расправија по што првопријавениот физички го нападнал Л.Д, а потоа го удрил и Б.Д. во пределот на главата по што започнала тепачка во која се вклучил и второпријавениот кој со дрвен предмет започнал да ги удира оштетените нанесувајќи им телесни повреди.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.