Кривична пријава за двајца кумановци кои спречиле полицајци во вршење должност

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.В. (43) и С.В. (19) поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело ,,спречување службено лице во вршење службено дејствие”, информираат од Министерството за внатрешни работи.

На 01.09.2017 година на ул. „Доне Божинов”, при изрекувањето на глоба за управување на возило без положен возачки испит на С.В., истиот почнал да ги пцуе полициските службеници, а му се приклучил и А.В., кој во еден момент почнал да удира со рака по службеното возило. Двајцата почнале и да се закануваат, по што, од страна на полициски службеници биле приведени во Полициска станица Куманово.