Кривична пријава за директорот на Центар за култура, 37 лица земале плата, а не доаѓале на работа

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.К. (45) од Куманово вд директор на Центар за култура „Трајко Прокопиев“-Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ в.в. продолжено кривично дело, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено во период од месец декември 2015 до месец мај 2016 година, спротивно на Законот за работни односи на 37 лица вработени во Центарот за култура кои не доаѓале на работа во последните пет месеци и не ги извршувале своите работни задачи наместо да ги раскине договорите за вработување им овозможил да ги земаат нивните месечни плати на штета на Буџетот на Република Македонија.