Кривична пријава за директорката на училиштето во Драгоманце

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (45) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично  дело „злоупотреба на службена положба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во периодот од 17.09.2015 до ноември 2017 година пријавената, како директор на основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, овозможила вработување на К.Ј. како  воспитувач во ученичкиот дом во состав на училиштето, и покрај тоа што знаела дека истата не ги исполнува условите за извршување на работните задачи. Исто така, во периодот од 17.12.2015 до 31.08.2016 година, пријавената, спротивно на законските прописи, ја ангажирала К.Ј.  на работно место воспитувач без договор за вработување.

Leave a Reply