Кривична пријава за авто сервис од Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против правното лице Друштво за производство, трговија и услуги „Сервис Милевски“ ДООЕЛ Куманово, Н.М.(26), сопственик на наведеното правно лице и М.М.(52), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело „Прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Во јули 2018 година, пријавените од непознато лице купиле патничко возило „Мерцедес Бенз“ увезено од Република Австрија, а откако го растуриле на делови, моторот и другите делови од возилото ги сокриле, додека шасијата ја исекле на два дела и ја натовариле во товарно возило, управувано од С.Б. од Куманово, кој истоварил еден дел во неговиот склад во населба Карпош, и се упатил кон село Стрезовце, со намера вториот дел да го истовари во отпадот за автоделови, сопственост на пријавените.

– Притоа, на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, од полициски службеници при извршен преглед на товарното возило, бил пронајден дел од шасијата, по возило и остатокот од шасијата, која била оставена на чување во отпадот на С.Б., биле одземени за натамошна постапка, а при извршени проверки во Царинска управа било констатирано дека возилото не е царинето и дека не се платени царинските давачки за увоз, со што била нанесена штета на Буџет на Северна Македонија, информираат од МВР.

Leave a Reply