Кривична од кумановската полиција за триесетгодишник кој без дозвола превезувал дрва

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен жител на селото Брест заработи кривична пријава, бидејќи немал дозвола за превезување огревно дрво.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријва против С.Б.(30) од с.Брест, Општина Чучер Сандево, Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот, како што појаснуваат од полицијата, на 01.08.2019 во селото Липково, без регистрирана дејност во својство на физичко лице и без да поседува лиценца за јавен превоз издадена од надлежен орган, вршел јавен превоз на огревни дрва со товарно возило „мерцедес“ во негова сопственост и со испратници издадени од фирма од с.Гошинце.

Никола Ивановски

Leave a Reply