Критики за Шарли Ебдо поради карикатура поврзана со земјотресот во Турција

Сподели со своите пријатели

Францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо вчера објави карикатура по повод разорниот земјотрес во Турција и Сирија, во кој загинаа илјадници луѓе и предизвика бројни реакции.

Loading...

Црно-бел цртеж покажува уништени згради, на врвот на цртежот е испишано „Земјотрес во Турција“, а на дното е коментарот: „Не е потребно ни да се испраќаат тенкови“.

Мотивот на авторот веројатно бил да укаже на односот на турските власти кон Курдите, пренесува ТРТ.

По овој цртеж има бројни коментари за осуда на срамната карикатура.

 

 

„Дури и Турците беа Шарли Ебдо, да ја споделат вашата болка, а денес се осмелувате да се потсмевате на страдањата на цел народ. Навистина е потребна храброст кога сѐ уште има бебиња под урнатините кои чекаат помош“, е еден од коментарите.

Loading...

Инаку, неделникот Шарли Ебдо со години ја шокира јавноста со своите карикатури и илустрации.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.