Биткоинот очигледно стана премногу популарен што започна да им пречи на криминалците кои сега се свртуваат во помалку познати криптовалути, стои во новиот извештај на Европол.
Како во последните неколку месеци популарноста и вредноста на Биткоинот повеќекратно скокна, полициските служби започнаа повеќе да се занимаваат со оваа криптовалута.
Извршниот директор на Европол, Еоб Ваинврајт, објави на Твитер дека оваа година ќе дојде до зголемување ан криминалната употреба на другите криптовалути. Додава и дека оваа промена на фокусот на криминалците претставува уште поголем предизвик за сузбивање.
Ескерптите наведуваат дека Биткоинот едноставно станува премногу мејнстрим и со самото тоа премногу ризичен за криминалците. Тоа што Биткоин константно е во вестите може да биде корисно за инвеститорите, но тој ентузијазам не го делат неговите најстари корисници – криминалците. Тие поради тоа се свртуваат кон алтернативи во вид на не толку популарни криптовалути кои не се под лупата на полицијата.


