Криминалци во БиХ соработувале со криминалци и нарко мафија

Сподели со своите пријатели

Новите апсења на припадниците на полицијата кои се осомничени дека им помагале на членовите на нарко-мафијата во БиХ во шверцот на огромни количества наркотици се покажаа како сериозен проблем во босанско-херцеговските полициски структури и силна врска меѓу полицајците и криминалците.

Loading...

Мирослав Чалија, полицаец на МУП на ХНК, е последниот во низата уапсени под сомнение дека се член на нарко бандата на Милан Матковиќ, дилер од Требиње, јавува телевизијата БН, повикувајќи се на Аваз.

Како што пишува тој весник, тој бил уапсен во средата во Мостар, заедно со поранешниот полицаец Дражен Шиниковиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словенија предупредување за можно излевање на реките

Чалија и Шиниковиќ се двајца од десетината уапсени полицајци во Босна и Херцеговина кои беа откриени по дешифрирањето на апликацијата Скај.

Шиниковиќ беше клучниот човек на Матковиќ, задолжен за полициско-обвинителските работи.

Клупко почна да се расплеткува со апсењето на Бојан Цвијетиќ во акцијата „Транспортер“, советникот на Драган Мектиќ, поранешен министер за безбедност на Босна и Херцеговина, кој со него имал и доверливи информации на ОСА.

 Заедно со нив е уапсен Младен Милановиќ, член на МУП на Република Српска.

Недолго потоа беше уапсен и граничниот полицаец Владан Ковачевиќ по дешифрирани пораки на апликацијата Скај.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брнабиќ: Србија не е неутрална во однос на војната во Украина

Неодамна, припадникот на Граничната полиција, Милош Лукајиќ, како и шефот на ОСА во Бања Лука, Роберт Радоњиќ беа лишени од слобода под сомнение дека давале тајни на криминалци. Освен него, уапсен е и Недељко Лубура, главниот инспектор на МУП на Република Српска.

Лубура во багажник на службено возило од Словенија во Босна и Херцеговина го префрлил криминалецот Иван Мијатовиќ, кој го бара Интерпол.

Акција „Гулаб“

Членовите на Дирекцијата за координација на полициските тела (ДКПТ) на Босна и Херцеговина, Милош Николиќ и Милош Поповац, исто така беа уапсени за нивните врски со криминалци и трговија со дрога, пишува Аваз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  БиХ не ги признава сепаратистичките референдуми во Украина

Неодамна беше уапсен и граничниот полицаец Шабан Кудо, кој е осомничен дека им помагал на осомничените во акцијата Голуб.

Станува збор за групата на Блаженко Рашевиќ, кои исто така шверцувале наркотици.

Кој е судски помошник?

Според наредбата на Обвинителството на БиХ, пред два месеца беше уапсен и судијата од Бјелина Јован Савиќ, кој даваше информации на криминалци.

Обвинителството на БиХ неодамна објави дека уапсениот Елвис Кељменди имал контакти со поединци во правосудството на БиХ.