Крим: Тинејџерка убиена во напад со украински дрон, четири згради се оштетени

Сподели со своите пријатели

Тинејџерка е убиена во напад на украинско беспилотно летало на Крим претходната вечер, соопшти утринава локалниот гувернер назначен од Москва.

Loading...

„Како резултат на напад на непријателско беспилотно летало, четири административни згради беа оштетени на северозападниот дел на Крим“, рече Сергеј Аксинов на Телеграм, додавајќи дека една тинејџерка е убиена.

Властите беа мобилизирани на местото на нападот, изјави локалниот гувернер на полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари 2022 година, Крим е редовна цел на воздушни и поморски напади со беспилотни летала.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.