Крим под гранати: Украинците уништиле клучен руски аеродром?

Сподели со своите пријатели

Според информациите на украинските медиуми, доцна синоќа бил гранатиран градот Џанкој на Крим, каде биле пријавени експлозии, пренесува Нова.рс.

Loading...

Повикувајќи се на руски и украински канали на Телеграм, медиумите јавуваат дека во ноќта меѓу средата и четвртокот се слушнале силни експлозии во градот под контрола на Русија.

Дополнително, се посочува дека бил погоден и тамошниот аеродром кој исто така е под контрола на Русите.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.