Крим една деценија ќе остане без вода, браната ќе се испразни за четири дена?

Сподели со своите пријатели

Украинската компанија Укрхидроенерго денеска соопшти дека хидроцентралата Каховка, која беше оштетена во гранатирањето за кое меѓусебно се обвинуваат Русија и Украина, не може да се обнови бидејќи опремата е целосно уништена.

Loading...

Киевските власти наведуваат и дека уништувањето на оваа брана во регионот Херсон може да има „погубни последици“ за нуклеарната централа Запорожје, што МААЕ го негира.

Истовремено, Украина тврди дека Крим ќе биде без водоснабдување во следната деценија.

Укрхидроенерго наведува дека просторијата во која се наоѓа машинскиот оддел е целосно уништена, пренесува Униан.

Се додава дека акумулацијата Каховка ќе исчезне во следните четири дена и дека нивото на водата веќе рапидно опаѓа.

„Уништувањето на Каховка може да има катастрофални последици за СИ Запорожје, кој се снабдува со вода за ладење на реакторот од тој резервоар“, рече Мустафа Најем, шеф на државната агенција за обнова на Украина.

Тој на Твитер напиша дека меѓу погубните последици од минирањето на оваа брана ќе биде фактот што Крим ќе има недостиг на вода во следната деценија и дека е направена непоправлива штета на стотици илјади животи, а илјадници луѓе се изложени на ризик од давење.

Руските власти во областа Херсон соопштија дека нивото на водата во околните области може да се искачи и до 12 метри, а ќе се зголеми во следните 72 часа.

Loading...

Браната Каховка во делот на Херсонската област, која е под контрола на руските сили, утрово се урна во гранатирање, за што Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.