Кремљ: Западната реторика е штетна и провокативна

Сподели со своите пријатели

Кремљ утринава објави дека „реториката на западните лидери за потенцијална употреба на нуклеарно оружје е штетна и провокативна“.

Loading...

„Секој ден го изразуваме нашето жалење што лидерите на западните земји секојдневно се впуштаат во нуклеарна реторика“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека таквата практика е „провокативна“.

Песков додаде дека ниту една страна не се обидела да разговара за можна средба со американскиот претседател Џо Бајден, како што тврдеа некои дипломати од САД во последните денови.

Песков, исто така, рече дека се надева оти Г7 ќе го повика режимот во Киев одговорен за злосторствата што ги направил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите менуваат тактика, се наѕира крвава битка. „Ако не умрат тие, нашите војници ќе умрат“

Тој додаде дека нема нов бран на регрутирање мажи во армијата, откако некои регионални претставници објавија дека ги засилуваат напорите за мобилизација, пренесува Индекс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.