Кремљ: Во нападот на мостот на Крим учествуваа американски и британски разузнавачи

Сподели со своите пријатели

Официјални лица од Кремљ се огласија по синоќешниот напад на мостот на Крим.

Loading...

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека „денешниот напад на мостот на Крим го извршил режимот на Киев“.

„Тој режим е терористички и ги има сите карактеристики на меѓународна организирана криминална група. Одлуките ги носат украинските функционери и војската со директно учество на американските и британските разузнавачки агенции и политичари. САД и Велика Британија управуваат со терористичка државна структура“, рече Захарова без да наведе докази за нејзините тврдења.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.