Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но…“

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека во моментов не се планира блокирање на социјалната мрежа Телеграм во Русија.

Loading...

„Не, во моментов нема такви планови“, изјави Песков за каналот Шот на прашањето дали Русија планира да го блокира Телеграма.

Тој додаде дека основачот на таа платформа Павел Дуров треба повеќе да внимава како се користи оваа социјална мрежа.

„Секако, би очекувале поголемо внимание од Павел Дуров, бидејќи овој уникатен и феноменален ресурс од технолошки аспект, кој порасна, всушност, пред очите на нашата генерација, се повеќе станува алатка во рацете на терористите, се користи за терористички цели“, рече Портпаролот на Кремљ, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Како што изјави во средата за РИА Новости извор запознаен со ситуацијата, сторителите на терористичкиот напад во градското собрание Крокус во предградието на Москва биле регрутирани преку телеграмскиот канал Глас Хорасан, сопственост на авганистанското крило на Исламската држава.

Пратеникот на Државната дума од Обединета Русија Олег Морозов денеска оцени дека е неопходно да се развие механизам за автоматско блокирање на каналите на Телеграм кои регрутираат терористи користејќи клучни зборови со вештачка интелигенција.