Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека воздухопловните сили на земјата собориле два украински борбени авиони во источна Украина.
Loading...
Во соопштението се додава дека се уништени и неколку хаубици М777 од американско производство, пренесува ТАСС.
Во секојдневното обраќање до медиумите, Министерството за одбрана објави и дека крстосувачките ракети Калибр погодиле фабрика во јужниот регион Запорожје и уништиле украински борбени возила, наведува руската агенција.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.