Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска појасни дека декретот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин за нови региони подразбира анексија на територијата на регионите Херсон и Запорожје, во чии рамки функционирала воено-цивилната администрација во времето кога овие ентитети биле припоени кон руската Федерација.
– Прочитајте го указот. Правна формулација таму. Генерално, тоа се однесува на територијата на која во моментот на анексијата дејствувала воено-цивилната администрација – изјави Песков на новинарите, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека некои делови од регионите Херсон и Запорожје сè уште треба да се „ослободат“.
Претходно денеска Путин го потпиша федералниот закон за ратификација на договорот за анексија на областите Луганска Народна Република, Доњецка Народна Република, Херсон и Запорожје.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.