Кремљ: Она што го направија Украинците е монструозно

Сподели со своите пријатели

Кремљ го осуди „монструозниот чин“ на Украина по падот на рускиот воен авион, за што го обвинува Киев.

Loading...

„Фактот што ги убија сопствените затвореници, сопствените граѓани кои практично требаше да се вратат дома за 24 часа, е монструозен чин“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според Москва, авионот што се урна во средата на 45 километри од границата со Украина, во руската област Белгород, превезувал 65 украински воени заробеници на размена.

Русија соопшти дека нема преживеани откако Киев собори авион Ил-76 со 65 украински воени заробеници, шест руски членови на екипажот и тројца патници.

„Никој не може да каже какво влијание ќе има тоа врз изгледите за продолжување на процесот“ на размена на затвореници, предупреди Песков.

Киев ниту потврди ниту демантираше дека авионот бил соборен од украинско оружје, како што тврди Москва.

Во четврток Советот за безбедност заседава итно поради овој случај на барање на Москва.

Зеленски бара истрага

Како што објави Би-би-си во четвртокот, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека „игра со животите на украинските затвореници“. Тој побара меѓународна истрага по несреќата.

Loading...

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека не и било кажано да обезбеди безбеден воздушен простор, како во претходните прилики.

Во своето видео обраќање доцна во средата, претседателот Зеленски рече дека „очигледно е дека Русите си играат со животите на украинските затвореници, со чувствата на нивните роднини и со емоциите на општеството“.

На видеото споделено на социјалните мрежи се гледа падот на авионот проследен со експлозија и огнена топка кај селото Јаблоново, 70 километри североисточно од градот Белгород.

Регионалниот гувернер на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека авионот се урнал во поле во близина на станбена зона и дека сите во авионот загинале.

Украинскиот Генералштаб, цитиран од Украинска правда, првично соопшти дека авионот носел ракети за руските системи за противвоздушна одбрана С-300.

Тој не ги спомна воените заробеници.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.