Кремљ нема информации каде се наоѓа Пригожин

Сподели со своите пријатели

Рускиот Кремљ во вторникот објави дека нема информации каде се наоѓа Евгениј Пригожин, водачот на платеничката група Вагнер.

Loading...

Медиумите претходно објавија дека приватен авион на групацијата Вагнер слетал во вторникот наутро на аеродромот недалеку од Минск, но без потврда дека во него бил Пригожин.

Пригожин се појави во јавноста за прв пат по неколку дена во видео порака објавена во понеделникот попладне.

Според условите на договорот со кој заврши бунтот за време на викендот, на Пригожин требаше да му биде дозволено да се пресели во Белорусија, а неговите борци добија можност да се приклучат на редовните руски вооружени сили или да се преселат со него во Белорусија, пишува Гардијан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин го разреши директорот на Роскосмос

Ројтерс пренесува дека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на својот редовен брифинг со новинарите изјавил дека договорот со кој стави крај на бунтот се спроведува и дека претседателот Владимир Путин секогаш го одржувал зборот.

Тој рече дека не знае колку борци на Вагнер ќе потпишат договори со Министерството за одбрана по договорот.

Кремљ соопшти дека Путин ќе им се обрати на припадниците на руската војска, Националната гарда, безбедносните сили и другите кои помогнале да се одржи редот за време на саботниот бунт на платениците во вторник.

Во говорот претходно денеска во белоруската престолнина, лидерот Александар Лукашенко рече дека е „болно“ да се гледа како се одвиваат настаните во Русија и дека ги ставил белоруските трупи и полиција во целосна готовност за време на кризата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рјабков: Преговорите со Америка не се неопходни по секоја цена

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.