Кремљ: Нема договор за турски мировни сили во Нагорно-Карабах

Сподели со своите пријатели

Кремљ денеска соопшти дека не е постигнат договор за распоредување турски мировници во Нагорно Карабах, откако вчера беше потпишан договор за завршување на војната, во обид да се запре крвопролевањето во регионот што трае повеќе од еден месец.

Loading...

Британските медиуми цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведуваат дека Центарот за набљудување на примирјето, што ќе биде лоциран надвор од Нагорно Карабах, бил предмет на посебен договор.

Претседателите на Азербејџан и Турција, Илхам Алиев и Реџеп Тајип Ердоган, претходно денеска разговараа за формирање заеднички руско-турски мировен центар, јавија азербејџанските медиуми.

Сашко Димевски

Leave a Reply