Кремљ неделава ќе објави дали Путин ќе оди на самитот на Г20

Сподели со своите пријатели

Кремљ неделава ќе објави дали рускиот претседател Владимир Путин ќе оди на самитот на Г-20 на Бали на 15 и 16 ноември, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

На новинарско прашање дали Путин донел одлука за учество на самитот на Г20 во Индонезија, Песков одговори дека ќе бидат информирани кога ќе биде донесена одлуката, пренесува Интерфакс.

Одговарајќи на прашањето дали таа одлука може да биде донесена оваа недела, портпаролот на Кремљ рече: „Се разбира, затоа што тогаш самитот веќе се одржува“.