Кремљ ја обвини Украина дека ја саботирала браната Нова Каховка на реката Днепар, која се наоѓа во рускиот окупиран дел на Украина, со цел да го оттргне вниманието од наводната „нетресена“ контраофанзива против руските сили, пишува Гардијан.
„Можеме недвосмислено да кажеме дека зборуваме за намерна саботажа од страна на украинската страна“, изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ ѝ додаде дека претседателот Владимир Путин бил информиран за ситуацијата.
Тој рече дека целта на уништувањето на браната е да му се оневозможи на Крим под контрола на Русија да пие вода што ја добива од резервоарите преку Северниот Кримски Канал и да се одвлече вниманието од контраофанзива.
„Очигледно, оваа саботажа е поврзана и со фактот дека, откако започнаа пред два дена, големи офанзивни дејствија, украинските вооружени сили сега не ги постигнуваат своите цели – овие офанзивни дејства се колебаат“, додаде тој.
Песков „остро ги отфрли“ украинските наводи дека Русија ја уништила браната.
„Официјално изјавуваме дека дефинитивно зборуваме за намерна саботажа од украинска страна“, рече тој.
Песков рече дека саботажата „може да има многу сериозни последици за неколку десетици илјади жители во регионот“.
Во меѓувреме се огласи и Владимир Леонтиев, градоначалник на Нова Каховка назначен од Русија, кој пробивањето на браната во градот го нарече „терористички чин“ и ја обвини Украина.
„Ова е терористички акт насочен против цивили, тоа го направија Украинците“, изјави тој за државната телевизија.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.