Кремљ во четвртокот соопшти дека поддржува се што може да доведе до крај на конфликтот со Украина, мислејќи на телефонскиот разговор меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Сепак, Кремљ соопшти дека целите на, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ во Украина допрва треба да се постигнат.
Лидерите на Кина и Украина разговараа во средата за прв пат откако Русија ги испрати своите воени сили во Украина во февруари минатата година.
Киев со месеци јавно бараше такви разговори.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Русија е запознаена со деталите од разговорите меѓу двајцата претседатели и додаде дека нивните позиции за конфликтот се добро познати.
„Подготвени сме да прифатиме се што би можело да го приближи крајот на конфликтот во Украина, но и постигнувањето на целите што Русија си ги поставила“, коментираше Песков на нивниот телефонски разговор.
„Што се однесува до тоа што тие комуницираа – тоа е суверена работа за двете земји и прашање на нивниот билатерален дијалог.
На прашањето дали Русија и Кина разговарале за враќање на Украина на границите од 1991 година за време на неодамнешната посета на кинескиот лидер на Москва, Песков рече дека „нема дискусија“.
Украинскиот претседател рече дека разговорот со неговиот кинески колега бил многу продуктивен и дека тоа е многу позитивен почеток на идните односи.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.