Кремљ: Екстремно сме загрижени за ситуацијата во Израел

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Москва е „екстремно загрижена“ за ситуацијата во Израел.

Loading...

Тој додаде дека настаните таму претставуваат „голема опасност“ за поширокиот регион и дека ситуацијата лесно може да ескалира.

Руската амбасада нема информации за тоа колку руски државјани во Израел можеби биле повредени или убиени по упадот на Хамас, додаде тој.

На прашањето дали настаните во Израел можат да влијаат на руските операции во Украина, Песков рече дека тоа се „две сосема различни работи“.