Кремљ: Анектираните украински региони заштитени со нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Кремљ во вторникот потврди дека сите четири украински региони што неодамна ги анектираше се под заштита на рускиот нуклеарен арсенал.

Loading...

На новинарско прашање дали тие региони се под руски нуклеарен чадор, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече:

„Сите тие територии се неотуѓиви делови на Руската Федерација и сите се заштитени. Нивната безбедност е загарантирана во иста мера како и остатокот од руската територија“.

Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец изјави дека Москва е подготвена, доколку е потребно, да го искористи својот нуклеарен арсенал за одбрана на „територијалниот интегритет“ на Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите менуваат тактика, се наѕира крвава битка. „Ако не умрат тие, нашите војници ќе умрат“

Американскиот претседател Џо Бајден на 6 октомври изјави дека неговата закана го донела светот најблиску до „Армагедон“ од кубанската ракетна криза во 1962 година.

Путин минатиот месец изјави дека анектираните украински територии „засекогаш“ ќе бидат дел од Русија. Но, Русија не ги контролира целосно овие области и нивните граници допрва треба да се дефинираат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.