КРЕАТИВНО: Од стар автобус до подвижна куќа за патување (фото)

Сподели со своите пријатели

На сите понекогаш ни здосадува да живееме на едно место, затоа што луѓето од време на време посакуваат да патуваат и да го обиколуваат светот. За да им задоволи на своите желби, Том Гранхам и Кеј Брнес купиле стар автобус на e-bay за 1.360 евра, кој потоа го преуредиле во подвижна куќа.

 

Loading...

 

Парот потрошил 11.380 евра на неговото преуредување и од него успеале да направат удобна подвижна куќа со која ќе патуваат. Овој автобус сега има три брачни кревети, бања, па дури и камин.

Кога баравме подвижна куќа видовме автобус и си помисливме: „Зошто да не“? Беше совршено решение за семејни одмори – вели Том.

 

Парот има три деца, а со автобусот патуваат низ Велика Британија и Европа.

За разлика од поголемиот дел автобуси, овој претходно не бил расипуван премногу, но во Швајцарија имале мал инцидент.

Тоа беше вистински кошмар. Полицијата ни ги зема пасошите, па не можевме да го напуштиме автобсот поради законот кој го имаат во таа земја. Морав да го повикам пријателот за да ме влече до дома, а потоа морав да го заменам и моторот. Со воз се вративме во Франција, во Париз го посетивме Дизниленд, што на нашите деца им се допадна. Тие баш сакаат да патуваат со автобус – вели тој.

 

Том и Кеј сега се подготвуваат да ја продадат подвижната куќа, која наскоро ќе се најде повторно на ebay.

 

Loading...