Кратовчанец лишен од слобода на граничниот премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во 13,30 часот на граничниот премин „Табановце“ на влез во Република Македонија, лишен е од слобода П.Т. (1987) од Кратово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При проверка утврдено било дека истиот се бара за издржување на казна затвор во траење од 2 години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а во врска со „загрозување на безбедноста на сообраќајот“.

Во 14,20 часот со потврда за  предавање на лице, истиот е предаден на СВР-Куманово за понатамошна постапка.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.