Краста деблокирана, мештаните во понеделник на состанок со службите

Сподели со своите пријатели

По скоро три дена жителите на кумановските селата Пчиња, Студена Бара и Вак’в дозволија камионите на ЈП„Чистота и зеленило“ да влезат на депонијата Краста.

Loading...

Нешто пред полноќ синоќа започнаа да влегуваат камионите на депонијата откако жителите на споменатите села постигнале договор со општинските служби.

Истите во понеделник ќе одржат состанок во Општина Куманово каде ќе се разговара за нивните барања и мерките што ќе бидат преземени понатаму.

Проблемот настана откако на 17ти вечерта се запали депонијата. Иако истата бргу била изгасната сепак остана да чади и нејзиното потрупување траеше со денови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

Тоа ги револтираше мештаните на неколку села да излезат на протест и да побараат да се спроведат низа мерки за заштита на животната средина.

Вчера се одржа и вонредна седница на Советот на Општина Куманово, каде претставници на општинските служби и институции разговараа со претставници на медиумите и беше усвоен заклучок.

Никола Ивановски