Советот на Општина Куманово усвои заклучок за проблемот со депонијата Краста

Сподели со своите пријатели

По повеќе од два часа дебата меѓу претставници на повеќе институции и мештани на селата Пчиња, Вак’в и Студена Бара, Советот на Општина Куманово денеска на вонредна седница донесе заклучок за решавање на проблемот со депонијата Краста.

Loading...

Прва точка од вкупно три колку што содржи заклучокот, е упатена до Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, кое има седум дена да постапи по налогот на инспекциските служби и целосно да го изгасне пожарот кој избувна пред неколку дена, а кој моментално чади над трите споменати села.

Меѓу другото, Советот го задолжи градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, да формира работна група која ќе изготви мерки и ќе го следи нивното реализирање со кои ќе се реши проблемот со депонијата Краста.

– Работната група да изготви мерки во рок од 30 дена и истата да биде во состав од: координатор кој ќе  биде претставник од ЈП „Чистота и зеленило“, да има претставник од Совет на Општина Куманово, претставник од Сектор за комунални работи, Сектор за урбанизам, Сектор за инспекциски надзор, претставник од селата Пчиња, Студена Бара и Вакв, претставник од приватен сектор и од „Еко-исток североисток“, рече претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска.

Трета точка е препорака до месното население да прекине со блокадите и да овозможи непречено движење на возилата на „Чистота и зеленило“ со цел депонирање на отпад.

Заклучокот беше усвоен едногласно со 18 гласа за од исто толкав број присутни советници.

 

Loading...

 

Инаку пожар избувна на депонијата Краста на 17ти вечерта, кој бргу бил изгаснат, но сметот остана да чади и да шири неподнослива миризба во селата Пчиња, Вак’в и Студена бара.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Театар Куманово настапи во Крива Паланка со „Волшебникот од Оз“

Тоа бара затрупување, потенцираше денеска директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, кој вели дека тој процес непрекинато трае откако пожарот веднаш бил изгаснат, но потребно е време.

Мештаните на овие три села во меѓувреме излегоа на протест и го блокираа пристапот на камионите за депонирање смет, со што сметот во Куманово веќе 48 часа на се изнесува и контејнерите се преполни.

– Самото недозволување камионите да влезат во депонијата е опасна состојба, оти тој смет е опасен и може да рашири епидемиолошка состојба и да предизвика хаварија и друг проблем е што останатиот смет не може да се собира затоа што капацитетот на тие камиони е исполнет со сметот што стои таму. Градот е блокиран, а и ние како претприајтие и ако оваа состосјба продолжи нема да може да го постигнеме сметот кој постои, веќе го има и на улици и не сме во можност да го собереме нашите камиони се преполни, рече директорот.

Замникот дикректор Цветанка Иванвоска пак потенцираше дека веќе 70 отсто од пожарот е изгаснат и до вечерва се очекува тој процес да заврши целосно.

Апелираше да се пропуштаат камионите со смет, оти ако сметот остане да стои во нив може да се запали на високите температури.

– Жално е што нашите камиони останаа на паркинг просторот кај нас полни и тука може да се деси хаварија, можат и камионите да се запалат од сметот внатре на овие високи температури, рече таа.

Loading...

Претставникот на инспецкиските служби Бобан Бојковски рече дека е изготвен записник и е даден рок од седум дена проблемот да се реши.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Рома труба фест“ вечерва на плоштадот во Куманово

Игор Митевски, началник на униформирана полиција при СВР Куманово информираше дека тие се постојано на терен, но нема нарушување на јавен ред и мир и не можат да интервенираат. Протестот, рече тој, е граѓанско право, кое може да се оспори само во случај на вонредна состојба и војна.

Дејан Трендевски, претставник на месната заедница Пчиња, денеска на вонредната седница на Советот побара разбирање за ситуацијата во која се наоѓаат со децении и рече дека Краста е нивен реален проблем за кој мора да се најде решение.

– Во старт излеговме како месно население со своја механизација, се потдудивме да не се прошири пожарот од Краста, која не е ни оградена како што треба, има житни култури и спречивме пожарот да се прошири, дел од житните култури беа зафатени и е направена штета. Сега по тоа утредента ние најмалку скаме да правиме блокада на депонијата, најмалку сакаме да седиме таму на 45 степени, си имаме работа, рече тој.

На седницата се обрати и претседателот на Месната заедница Пчиња, Александар Илиевски, кој рече дека депонијата е децениски проблем.

– Ситуациата на терен е алармантна. Дим има на 30 километри од Краста, не чади, ова е еколошка катастрофа, а ние секоја година еколошка катастрофа не може да поднесеме, затоа месното население е револтирано да се најде решение и да застанеме сите зад тоа решение, рече Илиевски.

Тој посочи повеќе проблеми за кои побара решение, меѓу нив и оградување на депонијата, но и чистење на патот по кој се движат камионите со смет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест интервенции вчера имале кумановските пожарникари

Трајно решавање на проблемот, според претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска е можно само со најавите за формирање на претпријатието „Еко исток – северисток“ каде ќе се преработува сметот, а Краста во тој случај би останала само претоварна станица.

Loading...

Сепак, оваа фабрика не е ни на повидок.

– Она што можам да го кажам како информација е дека ова регионално претпријатие самата постојка за регионалната фабрика за преработка на отпад и самата депонија за 18 општини го очекуваме, односно имаме рокови од Европската да ги искористиме тие средства донирани од нвина страна да се почне со градба до 2026 година. Во текот сега моментално е во тек, пред 2 месеци почна еден сегмент од овој проект за чистење на сите депонии во Североисточниот плански регион за чистење и затварање. Како што имам информации, Министерството за финансии треба да ја заврши оваа постапка до 1 август. Потоа се склучвуа договор со одредена фирма која се јавила на меѓународен тендер и се почнува постапка за затвање на сите депонии вон егион, вклучително и Краста, која е најголема, рече Драган Чунгурски, директор на „Еко исток североисток“.

Советниците од власта и опозицијата беа сложни дека на граѓаните од овој дел на градот им е неопходна помош, но е неопходно да се дозволи и непречен проток на камионите со смет за да не дојде до епидемија во градот со оглед на високите температури и натрупаните садови за смет, поради недепонирање кое трае веќе 48 часа.

Никола Ивановски