Kралот Чарлс Трети гаѓан со јајца

Сподели со своите пријатели

На настан на северот на Англија денеска е фрлено јајце врз британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила, а едно лице е уапсено.

Loading...

Јајцето паднало недалеку од кралската двојка додека пристигнувале на традиционалната церемонија во Јорк, пренесува Ројтерс.

Чарлс и Камила не покажале вознемиреност поради инцидентот.

Полицијата веднаш го привела демонстрантот кој извикувал пароли.

Чарлс, кој го презеде тронот во септември по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, е во дводневна посета на северот на Англија.