Кралот Чарлс на крунисувањето ќе ја носи облеката што ја носеле неговите претходници

Сподели со своите пријатели

Британскиот крал Чарлс Трети, кој се залагаше за штедливост во текот на својот живот, на крунисувањето на 6 мај ќе ја носи облеката што ја носеле неговите претходници, вклучувајќи предмети и облека што им припаѓале на неговите родители.

Loading...

Чарлс (74) ќе биде крунисан на 6 мај во Вестминстерската опатија, а за време на големата церемонија ќе носи кралска облека која ќе биде украсена со верски или историски симболи.

Многу од предметите што Чарлс ќе ги носи, како што се круната и жезолот, се стари со векови, додека дел од облеката што ќе ја носи се појавиле за време на неговото крунисување во 1821 година, соопшти Бакингемската палата, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Меѓу облеката ќе има и специјални ракавици направени за неговиот дедо Џорџ Шести.

„Имаме голем, штедлив, внимателен крал кој попрво би користел нешто старо отколку да има нови ракавици“, рече Дебора Мур, извршен директор на Дентс, компанијата што ги правеше златни ракавици за кралот Џорџ Шести за време на неговото крунисување во 1937 година година, пренесува Танјуг.