Краљевски: Работам со феноменална група

Сподели со своите пријатели

Женскиот ракометен клуб Куманово вчеравечер убедливо го совлада составот на ЖРК Металург од Скопје и обезбеди место во финалето од Купот на Македонија, каде со Вардар ќе се борат за титулата.

Loading...

Тренерот Ненад Краљевски вели дека е чест да се работи со тимот на Куманово, дека девојките направија голем напор за да стигнат до ова ниво и изрази надеж дека така ќе биде и во финалето.

– Девојките направија голем напор за да одиграат на нова ниво. Одигравме одлично во одбраната, паметно во нападот и би сакал од срце да им честитам. Работам со феноменална група. Го направивме првиот чекор, а се надевам дека во финалето ќе биде исто вака. Играме на домашен терен, што е можеби додатен притисок кај девојките, но се надевам дека во финалето ќе има поглем број на публика, без разлика на резултатот. Вардар е млад, полетен тим, сме играле два тесни меча, кои завршија со четири гола разлиака. Се работи за перспективен тим воден од селекторот на Женската ракометна репрезентација на Македонија и сигурно не чека занимливо финале, изјави Краљевски.

Финалниот меч се игра утре со почеток од 16:00 часот во Спортската сала Куманово.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *