Предлог-закон со кој би се натерал британскиот премиер Борис Џонсон да побара одложување на Брегзит доколку нема договор, закажан за 31 октомври, официјално стана закон денес со одобрување на британската кралица Елизабета Втора.
Согласноста на кралицата се смета за формалност откако законот беше донесен во британскиот парламент.
Законот е дизајниран да го спречи премиерот да ја извади Велика Британија од Европската унија без договор со другите 27 земји-членки.
Џонсон рече дека нема да бара одложување. Тој, исто така, не го прифаќа договорот потпишан со ЕУ од неговиот претходник Тереза Меј, заради спорниот дел во врска со границата со Ирска.
Договорот постојано беше отфрлен во британскиот парламент. По стапувањето на должноста, Џонџон вети дека ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ до 31 октомври, со или без договор.