Британската кралица Елизабета вчера го објави својот прв пост на Инстаграм, споделувајќи фотографија од Музејот на науките во Лондон, кој о поставила користејќи Ајпед, а со кој сакала да помогне во промоцијата на летната изложба во тој музеј, пренесува Ап.
Фотографијата која кралицата ја поставила на официјалниот профил на кралското семејство на Инстаграм прикажува писмо од 19 век кое пронаоѓачот и математичар Чарлс Бебиџ го упатил на кралицата Викторија и принцот Алберт.
Кралицата со фотографијат анапишала: „Во писмо, Бебиџ ја известил кралицата Викторија и принцот Алебрт за своето пронаоѓање, аналитичката машина, на која биле креирани првите компјутерски програми од Едја Лавлејс, ќерката на лордот Бајрон“.
Кралицата на крајот се потпишала со „Елизабета Р.“ односно кралица Елизабета.
Официјалниот Инстаграм профил на кралското семејство постои од 2013 година и има 4,6 милиони следбеници, наведува агенцијата.