Уредите со Windows 7 нема да добиваат ажурирања што се однесуваат на сериозни безбедносни пропусти по наведениот датум.
Крајот за „седумката“ беше објавен уште во јануари 2020 година, па милиони корисници во тој момент останаа без поддршка.
Windows 7 го започна својот живот во 2009 година, а неговиот успех беше голем чекор за Microsoft и Windows воопшто.
Во текот на изминатата деценија, тој беше префериран избор на голем број корисници и администратори и брзо ја замени верзијата на Windows Vista.
Најголемиот број корисници на Windows 7 целосно го игнорираа Windows 8, па дури кога Windows 10 почна да „созрева“, почнаа да мигрираат на поновите верзии.
И покрај ова, крајот дојде, но Windows 7 останува на многу компјутери.
Аналитичарите проценија дека во моментот кога беше објавено исклучувањето, во светот имаше околу 1,2 милијарди функционални Windows компјутери, од кои околу милијарда имаа Windows 10, додека останатите главно работеа на верзијата 7, што беше околу 200 милиони компјутери.
Проширените безбедносни ажурирања (The Extended Security Update) за Windows 7 траеја толку долго токму поради големиот број луѓе кои не беа подготвени да се префрлат на понова верзија.
Проблемот е што повеќето уреди со Windows 7 немаат соодветен хардвер за надградба на Windows 11, така што повеќето веројатно ќе го изберат Windows 10, кој самиот ќе ја прекине поддршката во октомври 2025 година.