Ендрју Липи од Флорида обвинет е за кражба на стока во вредност од околу 300 долари од стоковната куќа „Кмарт“, јавува полициската управа на Ки Вест. Липи инаку е сопственик на остров кој вреди повеќе милиони долари.
Липи неодамна станал вистинска ѕвезда, со денови полнел насловни страници на медиуми откако го купил островот „Томпсон“ кај Ки Вест за осум милиони долари.
Сега е под обвинение за кражба во маркет. Сопственикот на островот наводно украл лед сијалици и апарат за кафе, пренесува ВВС. Според наводите на полицијата, Липи купил апарат за кафе од 150 долари, но се вратил со желба да го врати апаратот.
На вработените им ја дал кутијата од апаратот и ги добил парите назад. Меѓутоа, вработените во „Кмварт“ набргу забележале дека во кутијата всушност имало кошаркарска топка.
– Го прашавме Липи да се изјасни за кутијата од апаратот за акфе, во кој имаше топка, а тој одговори дека е должност на вработените во маркетот да сфатат дека во кутијата не е апаратот за кафе, туку нешто друго – врз основа ан тежината на кутијата, се наведува во извештајот на полицијата.
Липи е пуштен на слобода, но ќе се појави на суд на 18 април. Познати се доста слуачи во кои богатите и успешни луѓе се фатени во кражба.
Холивудската ѕвезда Винона Рајдер во 2002 година е осудена за кражба на облека вредна 5.000 долари на Беверли Хилс.
На актерката Линзи Лохан и е одредена општо-корисна работа откако во 2011 година е фатена во кражба на ѓердан од 2.500 долари.
Експертите велат дека постојат повеќе причини поради кои богатите и славни луѓе крадат работи, кои инаку можат да си ги дозволат.
Канадскиот психолог др. Вил капчик има теорија за тоа дека богатите престапници често се обидуваат на таков начин привремено да „пополнат некоја празнина“, а потоа, кога ќе бидат фатени, се тудат да ги сфатат причините за своето однесување.