Крадел низ куќи во Куманово, полицијата го приведе

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчера откако бил затекнат при обид за кражба, додека само ден претходно имал извршено друга.

Loading...

– На 24.08.2023 во 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, тој се сомничи дека на 22.08.2023 од приватен имот на ул. „Живко Чало“ во Куманово одзел повеќе предмети, додека на 23.08.2023 бил затекнат при обид да изврши кражба од куќа на улицата „30 Јули“ во Куманово.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал делата.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски