Емануел Анкрон (23) од Гана го изгубил својот полов орган при грабеж на стан.
Акрон наводно се обидел да ја принуди сопственичката на станот Џастина Донкер (24) да имаат орален секс пред да избега со нејзините скапоцености, а таа го искористила за да му ја одгризе машкоста.
Бизарниот настан се случил во предградијата на Обуаси. Имено, девојката се разбудила и пронашла крадец кој и се заканувал со пиштол додека и ги одземал паричникот, телефонот и некои други скапоцености што ги нашол.
Незадоволен од пленот, во еден момент ги соблекол пантолоните и ја замолил жртвата орално да го задоволи.
Џастина, како што изјавила за медиумите, клекнала од страв, но наскоро сфатила дека може да го повреди арамијата, па силно ги стиснала забите.
Се тврди дека дел од машкоста на разбојникот е пронајден откинат во просторијата и однесен во болница, каде се лекува од тешки телесни повреди.